еМагазин
Image default
Македонија

Даночен инспектор обвинет за примање поткуп

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 2 од Кривичниот законик.

Обвинетата се товари дека како службено лице – даночен инспектор во Управата за јавни приходи при Министерството за финансии – даночно одделение Кавадарци, побарала парични средства од сметководител на правно лице од Неготино.

Обвинетата која вршела контрола во правното лице, побарала да и бидат дадени 1.000 евра за да не сочини Записник од извршената контрола во кој ќе констатира неправилности во работењето на правното лице.

Барајќи поткуп, обвинетата ги условувала оштетените дека доколку не и биде исплатена побараната сума, поради неправилностите кои ќе им бидат констатирани во записникот, правното лице и одговорното лице ќе треба да платат парична казна од многу повисок износ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонски државјанин осомничен за убиство на две жени во Тирана, полицијата распиша потерница по него

Редакција

Османи: Бугарија има право на вето, но шест месеци е предолг период во контекстот во кој се наоѓа регионот

Редакција

Нападнатиот во М-НАВ бил приведен на Блаце, пуштен е откако дал исказ

Редакција