еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кумот Новачевски го разоткри Груевски на судењето за „Плацови на Водно“

Во својство на обвинет во случајот „Плацови на Водно“, Ристо Новачевски на денешното рочиште изјави дека од позиција на премиер Никола Груевски во 2012 година преку него ја основал фирмата „Сирах инжинеринг“, при што му напоменал оти тој ќе биде само управител и дека „целата работа ќе ја води“ Александар Ивановски – Алек Теранова.

– Кон средина на 2012 ми се јави Груевски и ми кажа дека сака да основа компанија во Македонија, која ќе се занимава со градежништво. Јас му кажав дека никогаш не сум се занимавал со градежништво, но тој ми рече дека јас ќе бидам само управител и дека сите работи ќе ги води Алек Теранова, рече обвинетиот Новачевски, кој е пријател и кум на Груевски.

Тој истакна дека по основањето на фирмата Груевски му кажал дека сака „да купи некое земјиште на Водно, кое го нашол Алек“.

– Алек ме информираше дека фирмата ќе има сметка во Стопанска банка – Битола. По извесно време имаше прилив од 300-400 илјади евра. Алек ме имаше информирано дека треба да пристигнат милион или милион и нешто (евра). Тоа се случи во две наврати, наведе обвинетиот Новачевски, кој додаде дека, ни денеска не знае каде се наоѓа тоа земјиште на Водно.

Првпат со сопствениците на земјиштето на Водно, како што посочи Новачевски, бил во канцеларијата на нотарката Анета Георгиевска.

Освен, за контактот со првообвинетиот Никола Груевски, во својата одбрана Новачевски, го спомна и контактот со обвинетиот Јордан (Орце) Камчев, за кого рече дека во август 2015 година му се јавил да му каже дека освен земјиштето, ќе ја купи и фирмата. Средбата според обвинетиот Новачевски, е остварена во „Систина“, каде од него е побарано да потпишат договор за купопродажба.

На прашање на обвинетиот Јордан Камчев, дали во 2012 имале потпишано договор за посредништво, Новачевски, одговори негативно, нагласувајќи дека „со печатите на фирмата каде бил управител управувал некој друг“.

На денешното рочиште обвинителката Лиле Стефанова предложи нови докази, поради што обвинетиот Сашо Мијалков побара време да биде запознат со нив и наведе дека го задржува правото да даде одбрана до крај на постапката.

Според обвинението за случајот „Плацови на Водно“, Никола Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот“, Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари“, а поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски за денешното судење за „Плацеви на Водно“: Невидена игра, како во холивудски филм

Судење за „Плацеви на Водно”: Груевски преку Алек Теранова ја добил фирмата „Сирах Лимитед”

МИА/фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во сообраќајка на патот Гостивар-Кичево загинаа мажи на возраст од 42 и 48 години

Редакција

Анкета на ИПИС: 72,8% од Македонците се против францускиот предлог

Редакција

Раст од 3% на македонската економија во третиот квартал

Редакција