еМагазин
Image default
Бизнис

Кои се членовите на Управниот одбор на Охридска банка

Во текот на 2018 година Управниот одбор на Охридска банка претрпе измени во составот и се прошири за уште еден член, информираат од Банката во годишниот извештај, објавен преку Македонската берза.

„Имено, на седницата одржана на ден 15 февруари 2018 година, Надзорниот одбор донесе Одлука за именување на Нина Неданоска за член на Управниот одбор на Охридска банка АД Скопје, одговорна за работата на секторот Комерција, а нејзиниот мандат започна со добивањето претходна согласност од гувернерот на Народната банка на Република Македонија за период од 4 години, почнуваќи од 18 април 2018 година.

Почнувајќи од 18 април 2018 година, Управниот одбор на Охридска банка работи во следниот состав: Бранка Павловиќ, претседател и член на Управниот одбор, Никола Миткоски, член на Управниот одбор и одговорен за Секторот за управување со ризици, Тома Пувро, член на Управниот одбор и одговорен за секторот Операции, Нина Неданоска, член на Управниот одбор и одговорна за секторот Комерција“, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се членовите на Надзорниот одбор на Охридска банка

Колкави се платите и надоместоците на менаџментот на Охридска банка

Колкави се надоместоците на членовите на Надзорниот одбор на Охридска банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Растат цените на становите во Центар, благ пад на станбениот квадрат во Аеродром и Карпош

Редакција

Кои се најтргуваните акции на Македонската берза лани

Редакција

Законот за дивоградби не важи за бесправно изградените објекти во Охридскиот регион, вели градоначалникот Георгиески

Редакција