Во сообраќајна незгода кај Градската болница во кој учествувал заменик-министерот за култура Владимир Лазовски денеска беше повреден мотоциклист.
Лазовски на својот Фејсбук профил напиша дека ќе сноси одговорност, доколку се утврди негова вина.
„Најважно од сé е што мотоциклистот и јас сме добри. Цело време бев со него, пуштен е од болница, добро се чувствува. Јас немам повреди. Надлежните органи извршија увид и доколку се утврди моја вина ќе сносам одговорност“, напиша Лазовски.
Фото: Фејсбук/Владимир Лазовски
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.