еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Могерини: Северна Македонија ја заврши работата и сега е ред на ЕУ

Северна Македонија и Албанија ја искористија можноста и испорачаа реформи, го завршија својот дел од работата и сега е ред на ЕУ да го исполни својот, изјави високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини на заедничката прес-конферениција со еврокомесарот Јоханес Хан на која го презентираа пакетот за проширување на ЕУ.

Посочи дека извештајот сведочи за повеќе постигнувања и успеси, кои се импресивни особено за Северна Македонија и Албанија.

„Северна Македонија и Албанија ја искористија можноста и испорачаа реформи. Историскиот Договор од Преспа, со кој се става крај на проблемот со името со Грција и зајакнувањето на добрососедските односи со Бугарија е нешто што сите го вреднуваме и препознаваме и признаваме како историска промена не само за земјата, туку и за целиот регион“, истакна Могерини.

Врз основа на строги и фер преоценки, продолжи Могерини, годинава по втор пат Комисијата препорачува отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија.

„Ова е препорака врз основа на цврстa оценка како што ќе видите од извешатите. Северна Македонија и Албанија го завршија својот дел од работата и сега е ред на ЕУ да го исполни својот дел“, истакна Могерини.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европската комисија препорача почеток на преговори со Македонија и Албанија

Сите детали: Што пишува во извештајот на ЕУ за Македонија?

Жбогар: Ви честитам за посветеноста, но и за жртвите што ги направивте

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Борел од Скопје: Не можам да ви ветам датум за преговори

Редакција

Европска комисија бара објаснување од „Фајзер“ за доцнењето на вакцините

Редакција

Европска комисија препорачува патувањата во ЕУ да бидат дозволени за вакцинираните

Редакција