еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Mastercard® бесконтактните картички на Еуростандард банка отсега со нов освежен дизајн и 3D secure технологија

Еуростандард банка продолжува да вложува во развој на своите услуги и продукти, овој пат со нов освежен дизајн на своите Mastercard® standard кредитни картички, Mastercard® gold кредитни картички и Mastercard® business кредитни картички, кои покрај модерниот изглед, имаат и 3D secure технологија.

Со овие картички, корисниците имаат едноставен и лесен пристап до средстватa 24 часа на ден, 365 дена во годината, преку мрежа на банкомати во земјата и низ целиот свет. Картичките имаат и ”3D Secure” технологија која овозможува безбедни плаќања преку интернет, технологија потврдена со меѓународните сертификати на “Mastercard® SecureCode”.

Предности на сите Mastercard® standard и Mastercard® gold кредитните картички се бројни, почнувајќи од минимален месечен износ за отплата од 3,0% од вкупниот долг, потоа можност за кредитен лимит до 3 плати или 800.000 денари, па сè до бескаматен грејс период до 45 дена за трансакции на продажни места и без надомест за користењето на картичката во првата година.

Корисниците на Mastercard® business картичката имаат контрола врз своите финансии во секое време и можност да уживаат во безброј поволности како што се кредитниот лимит до 600.000 денари, немањето надоместоци за издавање и користење нa картичката како и за дополнителните картички и за извршените трансакции на продажни места.

Со воведувањето на овие измени во своите картички, Еуростандард банка продолжува да ја следи својата мисија за континуиран напредок и развој на своето работење во сите негови сегменти, почнувајќи од човечкиот капитал, технологијата, разновидноста на своите производи и услуги, секогаш имајќи ги во фокус своите клиенти, задоволување на нивните финансиски потреби и секако, нивната успешност.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анексијата финализирана: Путин ги потпиша законите за приклучување на четирите украински региони кон Русија

Редакција

Вкупниот број помина 100 илјади: Нови 725 случаи на Ковид-19

Редакција

Афера прислушување на Обвинителството и Основен суд Скопје 1: Кој не бил прислушуван?

Редакција