еМагазин
Image default
Македонија

УЈИЕ: Анкетата од студенти за барање сексуални услуги од наши професори нема релевантни докази

Раководството на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во Тетово денеска одржа прес-конференција по повод објавените информации на Феминистичкиот клуб од анкета на студенти според која 15 професори од двата тетовски универзитета барале сексуални услуги за оценки. Според извештајот на Феминистичкиот клуб, студентите во анкетата посочиле пет лица од УЈИЕ.

-Ние добивме писмен извештај од Феминистичкиот клуб во кој се наведени имиња на еден професор со полно работно време и четири лица кои се со половина работно време. Согласно со правилниците за дисциплина и слични процедури за работа, започнавме испитување. Сепак, не можеме да се потпреме на тој извештај без да имаме релевантни докази, бидејќи анкетата на Феминистичкиот клуб е анонимна. Ние ги поддржуваме ваквите истражувања, но сметаме дека во овој случај не се застапени сите методолошки принципи за правење анкета, истакна ректорот Абдулменаф Беџети.

Проректорот за настава Беса Арифи истакна дека кај Студентскиот правобранител на УЈИЕ нема пријавено случаи професори да бараат сексуални услуги од студенти.

-Нема формална жалба пристигнато до Студентскиот правобранител. Исто така и од анкетите кои се направени од Феминистичкиот клуб нема пријави до надлежните органи бидејќи станува збор за перцептивни резултати без покренати формални постапки, рече Арифи.

Претседателот на Одборот на Универзитетот, проф. д-р Денис Фарингтон, истакна дека установата ќе ги искористи сите процедури за испитувања на пријавите, но повика и да се почитува владеењето на правото и да не се прават лажни пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петнаесет студенти во анкета пријавиле дека им биле барани сексуални услуги од професори

МИА/Фото: УЈИЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) ВМРО-ДПМНЕ одржа голем протест против „неправдите, реваншизмот и политичкото насилство“

Редакција

Телефонски разговор Ковачевски – Шмигаљ: Украина ја има нашата поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет

Редакција

Германскиот Бундестаг утре и официјално со зелено светло за преговорите

Редакција