По повод Светиот месец Рамазан огранизирав ифтарска вечера на која присуствуваше државниот врв, поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, градоначалници од повеќе општини, ректори на државните универзитети, бизнисмени и претставници на стопанските комори како и претставници на граѓанските организации, информираше премиерот Зоран Заев.
„Ова се денови кога се грижиме за болните, за духовно обесхрабрените, за нашите сограѓани и за сите луѓе во неволја. Им подаваме рака на сите. Без разлика на нивната верска припадност.
Ја градиме Република Северна Македонија како едно општество на различни вери, кои меѓу себе живеат сложно и ја продолжуваат традицијата што ни е оставена да ја чуваме и да ја негуваме. Тоа е нашата цел. За нас, и за нашите деца. На тој пат сме сите заедно.
Нека е благословен Светиот месец Рамазан и нека ве придружува мирот и спокојството за време на светиот пост“, вели Заев.
Фото и Видео: Официјален фејсбук-профил на Заев