еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

МВР со детали за несреќата во Чаир во која загинаа двајцата браќа

На 01.06.2019 околу 11.00 часот пријавено е дека во Скопје на ул.“Кемал Сејфула“ спроти поликлиника “Чаир“, при вршење ископ на земјиште за водоводна мрежа со багер управуван од А. М. (55) од Скопје, дошло до лизгање на земјиште и притоа затрупани биле три лица што работеле на ископот.

„На местото на настанот биле испратени две екипи од Итна медицинска помош и екипа од Бригадата за против пожарна заштита.

А. М. (26) и М. М. (28) починале на местото на настанот,  додека Е. А. (55) од Скопје со возило на итна медицинска помош е пренесен за укажување лекарска помош во ГОБ “Наум Охридски“.

Смртта на починатите ја констатирал доктор од ИМП. За настанот известени се дежурен Јавен обвинител и дежурен трудов инспектор“, информираат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Чаир: Нема дозвола за ископ на земјиште на местото каде што загинаа двајца работници

Детали за несреќата во Чаир: И таткото на загинатите браќа бил на местото каде се вршел ископот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Речиси 300.000 граѓани имаат животно осигурување, вложиле над 25 милиони евра

Редакција

Мајка од Скопје си ги претепала дечињата на возраст од 5 и 4 години

Редакција

Убава вест: 368 оздравени пациенти од Ковид-19, најмногу од Скопје

Редакција