еМагазин
Image default
Бизнис

ДЗС: Невработеноста падна на 17,8 отсто

Стапката на невработеност падна на 17,8 отсто во првиот квартал од годинава, објави Државниот завод за статистика.

Во однос на четвртиот квартал лани стапката на невработеност е намалена за 1,6 отсто, а во однос на првиот квартал лани 3,8 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2019 година, активното население во Македонија изнесува 960.743 лица, од кои вработени се 789.414, а 171.329 лица се невработени.

Стапката на активност во овој период е 57,1 отсто, стапката на вработеност 46,9 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Природниот гас достапен по намалена цена преку „Макпетрол“

Редакција

Странците и понатаму може да транзитираат низ државата без ПЦР тестови

Редакција

Првите банкноти со Северна Македонија нема да бидат двојазични

Редакција