еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бизнисот со канабис во Македонија „цвета“

Еуромедикус“ ДОО Кривогаштани е последната компанија која побара дозвола за одгледување на канабис за медицински цели.

Станува збор за македонско-бугарска инвестиција со која се предвидува одгледување марихуана под оранжерии на површина од 6,5 хектари и отварање 25 работни места.

Откако пред неколку години Македонија дозволи одгледување канабис за медицинска употреба се чини дека ова стана еден од најперспективните бизниси во земјава.

Неодамна премиерот Зоран Заев информираше дека се издадени лиценци на 15 компании со домашен и странски капитал кои одгледуваат канабис за медицински цели.

Станува збор за вкупна инвестиција од над 40 милиони евра и околу 300 нови вработувања.

Во бизнисот со марихуана за медицински цели во Македонија се влезени следниве компании и производства: Каба Хербал во Кочани, Оаза алкалоиди во Карбинци, Медицал 420 во Битола, 5 летерс во Ресен, Мам во Свети Николе, АЦПВ во Гостивар, Фарма Медика Канабис во Валандово, Ф&M 2017 во Гостивар, Фармаролли во Скопје, Греен лифе во Валандово, Канабис про во Струмица, Т.Х.Ц. Куалити гроуп во Росоман, Хелтх медикал солутионс во Гевгелија, Бул-Билдинг во Струмица и РСБ солутионс во Карбинци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче поднесе кандидатура: Не само со Заев, имам добри релации и со други функционери и членството

Редакција

Италија останува во карантин и по 3 април

Редакција

Која е Викторија Трајков, кандидат за заменик министер за европски прашања

Редакција