еМагазин
Image default
Интервју

Проф. д-р Оскар Азман, пластичен хирург: Иднината на медицината е во врвни поединци со визија, карактер и силна емпатија кон пациентот

Проф. Д-р Aszmann е редовен професор на Медицинскиот Универзитет Виена, Австрија, еминентен пластичен и реконструктивен хирург, експерт во реконструкција на екстремитети и периферни нерви.

Воедно тој е и раководител на Центарот за реконструкција на екстремитети при Универзитетската клиника за Пластична и реконструктивна хирургија- АКХ, Медицински Универзитет, Виенa, Австрија.

Универзитетската клиника за Пластична и реконструктивна хирургија повеќе години соработува со Проф. Д-р Оскар Азман, а пред две години тој е избран за визитинг професор на Мединскиот факултет во Скопје – Универзитет Кирил и Методиј.

Во текот на изминатиот период како визитинг професор, тој континуирано одржуваше предавања за студенти по општа медицина и специјализанти по хирургија, консултации со пациенти и беа изведени едукативни оперативни процедури.

Во периодот од кога е назначен за визитинг професор на Медицинскиот факултет-Скопје, под негово менторство на Универзитетската клиника за Пластична хирургија во Виена (AKH) беа на едукација  четворица специјализанти по пластична и реконструктивна хирургија.

На овој начин соработката помеѓу стручниот тим на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија и Проф. Азман, постојано се надградува и зајакнува.

Неодамна на Универзитетската клиника за пластична хирургија изведовте комплексна операција заедно со тимот на хирурзи од клиниката. Може ли да ни кажете нешто повеќе за операцијата?

Пациентот имаше сериозна повреда на нервите на левата рака. Нервите на рамото и лактот ја вратија својата функционалност, но мускулите на подлактицата не закрепнаа и раката сега е вкочанета, при што биолошката реконструкција е невозможна.

Со овој оперативен зафат трансплантиравме мускул од десната нога во левата надлактица и имплантиравме два различни нерви со цел да се воспостават неколку биосигнали со кои пациентот после некое време ќе може да ја контролира бионската рака. За околу 6 месеци ќе ја тестираме сигнализацијата во Виена и доколку е успешна, ќе продолжиме со реконструкција на бионската рака подоцна во текот на годината.

Ова не е прва ваша соработка со Универзитетската клиника за пластична хирургија. Како почна соработката?

Пред пет години, д-р Софија Пејкова од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, ме контактираше за пациент со слични повреди кој доживеал трауматска загуба на раката. Така започна нашата соработка.

Оттогаш третиравме неколку пациенти со тешка траума на екстремитетите. Во 2017 година бев поканет од Медицинскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј и оттогаш држам предавања на лекарите и студентите по медицина како визитинг професор.

Вие сте професор на Медицинскиот универзитет во Виена и визитинг професор на Медицинскиот факултет во Скопје. Можете ли да направите паралела со начинот на едукација во Виена и Скопје?

Медицинската обука на Медицинскиот универзитет во Виена е многу интензивна и екстремно конкурентна. Од 16.000 кандидати секоја година, се примаат само околу 10%! Така квалитетот на нашите кандидати е фантастичен. Позициите за обука на Медицинскиот универзитет се доделуваат само според клинички и научни докази и без политичка или лична агенда.

Со оглед на фактот дека сте еден од водечките хирурзи во својата област, што според вас е моментален тренд и во која насока ќе се движи медицината во блиска иднина?

Извонредноста во секоја професија е секогаш лична. Во клиничката медицина ние секогаш лекуваме поединци. Доколку медицинските училишта и универзитети ја поттикнуваат емпатијата и обезбедат академско и научно опкружување кое овозможува ангажман во истражувања за да им се помогне на индивидуалните пациенти, ќе се случат многу новини и ќе има вистински напредок.

Финансиите се важни бидејќи тие обезбедуваат слобода за академски развој, но потребни се и поединци со визија и карактер кои ќе донесат напредок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Силјановска-Давкова за МИА: Новото име е правен факт и јас ќе потпишувам укази со него, ако станам претседател

Редакција

Гарванлиев за „еМагазин“: „Here I stand” е чиста искрена емоција исткаена во еден здив, од сите бури, разочарувања и надежи

Редакција

Тасев: Подготвуваме куќа за родителите на децата кои се лекуваат од рак, да имаат каде да спијат

Силвана Жежова