Критичната маса „На Точак“ која се залага за подобра инфраструктура за возење велосипеди низ градот, реагира по повод сообраќајката во Пинтија во која загинаа двајца возачи.
„Замислете ако една улица е толку опасна за луѓе во автомобили да умрат и автомобилите да бидат, цитираме “уништени до непрепознатливост“, колку е опасна за пешаците? Таму пешачењето или возењето точак е ТЕРОР.
Овие улици како Борис Трајковски се #улициУБИЈЦИ кои поттикнуваат возење кола место пешачење и користење точак, кои поттикнуваат големи брзини, кои пак создаваат голема бучава и кои се општ терор (звучен, загадувачки, безбедносен) за жителите. Таму се лета!
Ваква улица, поточно автопат се предвидува да стане и бул.Свети Климент Охридски во делот северно од Владата преку Вардар до бул.Никола Карев (Пластичарска).
Автопат со ленти само за коли широки по 3.5 метри по кој возила ќе јуришаат со 100 km/h, кои ќе земаат свои жртви; автопат без пријатен простор за пешачење и возење точак.
Поддржуваме поврзување на градот, но направено на градски, не на вонградски начин.
На Скопје му е потребна VISION ZERO = ВИЗИЈА НУЛА за нула жртви во сообраќајот, а не НУЛА ВИЗИЈА за безбедноста.
Таму треба да се зацрта какви сè дизајни на улици смеат, а какви не смеат да се применуваат.
Најголем број од жртвите во сообраќајот може да се превенираат!
Замислете, луѓе умираат секој ден и никој не е потресен дека тој живот можел да не се изгуби!
На автопати не им е место во директен контакт со места каде луѓето живеат! Стоп за автоцентризмот! Стоп за улици УБИЈЦИ во населени места“, се вели на фејсбук-статус „На Точак“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во сообраќајна несреќа кај Пинтија загинаа две лица, телата предадени на обдукција