еМагазин
Image default
Локално

Шилегов: Градот нема ингеренции да ги урива дивоградбите на Матка

Градот Скопје, во системот на управување со градот нема ингеренција што произлегува од Законот за локална самоуправа да има градежна инспекција што ќе се справува со дивоградбите на територијата на градот. Тие ингеренции согласно законот се префрлени на општините што се во рамките на административните граници на град Скопје, изјави денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, одговарајќи на советничко прашање од советникот Луке Галевски во однос на дивоградбите на езерото Матка.

– Секоја инспекција треба самостојно да си ги организира сопствените служби, вклучително и градежната инспекција. Ние што можеме да го направиме како град, тоа го правиме, рече Шилегов.

Тој вели дека доколку градот има ингеренции да ги сруши дивоградбите на Матка оти тоа и ќе го направи, но додаде дека немаат законско право.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за скопјанка која разменила фалсификувани евра во казино

Редакција

Угинаа два коња во Зоолошка градина, најверојатно се отруени

Редакција

Пронајден починат 44-годишен кавадарчанец

Редакција