еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Во чест на Кочо Рацин: 13 планинари изодеа марш од 170 километри и пристигнаа на Лопушник

Во чест на Кочо Рацин, 13 планинари изодеа марш долг 170 километри и пристигнаа на врвот Стог, Лопушник во чија што близина се наоѓа гробот на Рацин.

„После изминати шест денови, 170 км, 12 -часовно секојдневно одење по пеколни температури и пороен дожд, ноќевања во манастири, планинарски домови и шатори, пристигнавме на посакуваната дестинација. Финален епилог: 13 планинари го изодеа цел марш од прв до последен ден, тројца се откажаа поради замор и работни обврски, а над 25 учествуваа во логистиката или некоја од етапите. Плускавци, еритеми, дехидрирања, замор, крлежи, грчеви, болки и отоци во колена беа составен дел од маршот“, вели Игор Смилев од „Грин Пауер“.

Тој им изрази благодарност за учество на планинарските клубови и друштва ЗПЗП Козјак 2013 од Куманово, Анапурна и Петрикор од Скопје, Волчко и Турни ме да Кинисам од Битола, Грин Пауер од Велес.

„Мотивот на маршот е да не го заборавиме најголемиот и најпреведуван македонски поет и еден од најсветлите ликови во нашата историја. Се уште живееме во реалноста за која пишуваше и живееше Рацин. Се потсмеваме на искрената љубов, и ги стигматиизираме сиромашните и социјално нееднаквите.

Неговите стихоови не потсетуваат на нашата несовршеност и се уште неоткриен и неискористен потенцијал за искрена и безусловна љубов. Рацин останува да биде совршен спој на минатото и иднината во чиј лик и зборови можеме долго да гледаме без да ја наведнеме главата. Фала и на Општина Велес за поддршката на овој марш и за развој на планинарењето“, додава Смилев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Два нови случаи на заболени од корона вирусот во Македонија

Редакција

Туризмот – двигател на економскиот развој на Крушево

Редакција

За Водици нема да се скока по крстот во Охридското Езеро поради Ковид-19

Редакција