еМагазин
Image default
Македонија

Замир Мехмети ќе го советува генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски

Замир Мехмети ќе го советува генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски. Информацијата на Фејсбук ја соопшти Мехмети:

„Со задоволство ја прифатив поканата од генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, да се вклучам како советник во неговиот тим кој ќе има задача да го подобри функционирањето и да придонесе за отварање и демократизација на партијата и на општеството во целост.

При моето одлучување, тргнав од премисата дека секоја единка треба да ја прифати одговорноста и своите капацитети максимално да ги вложи за да придонесе во идеите во кои верува.

Јас бескомпромисно верувам во концептот “едно општество за сите” и со прифаќањето на оваа понуда ја превземам обврската лично и директно да учествувам во зајакнување, растење и развивање на оваа, за мене, револуционерна идеја.

Во меѓувреме, како и до сега, останувам посветен на принципите за правда, еднаквост и слобода како главни постулати на секое праведно општество.

Борбата продолжува!“, напиша Мехмети на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дане Талески останува на функцијата секретар за меѓународна политика на СДСМ

СДСМ доби нов Извршен одбор: Кои се новите членови

Фото: Фејсбук/Мехмети

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 222 болни од Ковид-19

Редакција

Судски Совет избра 25 нови судии во пет основни судови и во Основен кривичен суд Скопје

Редакција

Раст на бројот на заболени со коронавирусот по скопските општини, како изгледа мапата

Редакција