еМагазин
Image default
Македонија

Заев и Пендаровски летаа со редовни линии, оти владиниот авион се сервисира

Претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев летаа со редовни авионски линии, бидејќи владиниот авион е на сервис, објави порталот Сакам да кажам.

Од Службата за општи и заеднички работи на Владата за Сакам да кажам потврдуваат дека авионот „лирџет 60“ не е во земјава, туку на редовен сервис во Нирнберг, Германија.

„Не станува збор за никаков дефект, туку редовен сервис. Официјалниот сервисер е во Нирнберг. Авионот треба да биде сервисиран и вратен во земјава другата недела“, вели за порталот директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Пеце Мирчески.

Ниту од Кабинетот на Пендаровски, ниту од Владата не информираа дека претседателот и премиерот летаат со редовни линии, оти владиниот авион е на сервис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитерџиите фатија „сеир“ оти Заев се врати од Австрија со комерцијален лет

Твитерџиите „фатија“ сеир за тоа што претседателот Пендаровски замина за Брисел со редовна линија

Фото: Фејсбук/Пендаровски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев и потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николовски повторно се „судрија“ во суд

Редакција

(Фото) Ненајавена средба на Османи со Борисов на софискиот аеродром

Редакција

Оставките не се верификувани, БЕСА се уште е дел од Владата, вели Заев

Редакција