еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Со алерголошките тестови до сигурен одговор: На што е алергично вашето дете?

Пролетта е еден од најубавите периоди во годината, но за одредена група на луѓе кои се осетливи на полените започнуваат проблемите. Околу 30% од населението на земјината топка е чувствително на полени.

Алергијата или преосетливоста на полени може да се манифестира во која било возраст со најразлични клинички презентации во зависност на органот кој е засегнат.

Симптомите од алергија на горните дишни патишта се претставени со:

– кивање

– назначена секреција од носот

– солзење од очите

– измачителна кашлица

Клиничката презентација на алергискиот ринит кај возрасните е јасна и лесно се препознава. Кај малите деца тешко се разликува од обична настинка заради сличноста на симптомите.

Настинките најчесто се од вирусна етиологија, пратени со покачена температура, нарушување во општата состојба, како и претходно опишаните симптоми. Симптомите траат кратко од 7 до 10 дена. За разлика од нив алергиите не се пратени со покачена температура, симптомите траат подолго, се повторуваат во ист период од годината.

Во Zan Mitrev Clinic се вршат кожни алерголошки тестови за кои на располагање имаме над 23 реагенси.

Тестирање на кожата се реализира со внес на мали количини на алергени само под површината на кожата со мали, површни убоди кои се прават со посебна ланцета. Точниот број на изведени тестови ќе зависи од специфичниот панел на алергени кои ќе се тестираат.

Тестирањето се изведува на внатрешната страна на подлактниците, по апликација на алергенот, за 15 минути се отчитува одговорот на кожата.

Резултатите од тестот на кожата кај Вашето дете ќе бидат толкувани од страна на доктор во контекст на медицинската историја на симптомите и изложеноста на алергени.

Постапката не е болна и трае кратко. Вие како родител сте со Вашето дете додека трае целата постапка.

За да бидат реализирани алерголошките тестови детето треба да е здраво, да не прима медикаменти кои го намалуваат кожниот одговор (антихистаминици), да немаат симптоми кои упатуваат на актуелна алергиска реакција, да не е гладно.

Последните децении се поголем број на деца рано ги манифестираат симптомите поврзани со алергија на дишните патишта. Алергијата се нарекува и болест на современото живеење.

Повеќе фактори влијаат за порастот на алергиските болести во детството, од нив најбитни се:

– променетиот начин на живот и исхрана (премногу хигиена, исхрана сиромашна со омега 3-мастни киселини, зголемена изложеност на чад од цигари и загадувачи од надворешната средина). Заради екстремно високата и континуирана изложеност на аерозагадувачи, децата од урбаните средини се со поголем ризик за рана сензибилизација со алергени.

– отсуството на одредени болести во раното детство како цревните паразити, морбили, туберкулоза и др.

Порастот на алергиите на полени се должи и на настанатите климатски промени како што е глобалното затоплување. Топлите и влажни зими условуваат порано цветање на растенијата, кое трае долго. Во почетокот на месец март започнуваат да цветаат дрвјата. Април, мај и јуни се месеци кога доминираат полените од тревите.

Од месец август се до октомври доминантни се полените од корови. Тежината на клиничката презентација на поленската алергија зависи од концентрациите на полените. За посликовит приказ нека послужи следниов пример.

Еден хектар на некосена трева произведува 2 тона полен. Само едно стебло на амброзија произведува 7 милиони поленови зрна, а за предизвикување на алергиска реакција потребни се само 30-40 поленови зрна. Дождовите се природен намалувач на концентрациите на полените.

Како да се заштитиме?

Најдобрата заштита е да се избегне контактот со полените, но тоа е практично невозможно, бидејќи се наоѓаат насекаде и се присутни во долг период од годината. Непрепознаена алергија кај децата може да доведе до развој на сериозни компликации: повторливи синузити, отити, губиток на слухот, развој на назални полипи, повторливи инфекти на горни дишни патишта, дури и до развој на астма.

Сето ова води до непотребно користење на бројни антибиотици.

Како порака наменета за родителите препорачуваме секогаш кога Вашето дете кашла подолго време, во одреден период од годината, носето го чеша или му е континуирано затнато, а самите Вие ги имате овие симптоми, потребно е да помислите и на алергија.

Неколку практични совети:

– Избегнувајте престој во надворешната средина кога времето е ветровито и во раните утрински часови, кога се високи концентрациите на поленитe

– Заштитете ги очите со очила за сонце

– Миење на рацете, лицето, косата и менување на облеката после престој надвор

– Користете препарати за заштита на носната лигавица

– Проветрувајте ги просториите во вечерни часови кога концентрацијата на полени е помала

– Редовно и навремено да се зема препорачаната терапија од доктор

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судот ги блокира сметките на клиниката Жан Митрев

Редакција

Меѓу помилуваните од Сиљановска Давкова и осуденик кој барал Уставен да го укине СЈО

Редакција

34-годишник и неговата фирма ќе одговараат за злоупотреба на лични податоци на тројца лекари

Редакција