еМагазин
Image default
Локално

Ќе нема тестирање за „Орце Николов“, учениците ќе бидат примени

Во гимназијата „Орце Николов“ во Скопје ќе нема приемен испит т.е. квалификациско тестирање за селекција поради надминат број кандидати за упис во прва година.

Сите полуматуранти со 5.0 успех во основно образование кои конкурираа на првото јунско пријавување ќе бидат примени во гимназијата и распределени во деветте паралелки колку што се планирани со Конкурсот за 2019/2020.

Договорот е постигнат денеска на средба во Министерството за образование и наука помеѓу надлежните претставници и претставници на родителите. Претходно родители протестираа пред Владата и пред МОН и собираа потписи против приемен испит и бараа да се оформи дополнителна паралелка.

Слободни места во „Орце Николов“ има за 285 ученици, а на уписот се пријавиле 400, од кои 330 со успех 5.0.  Според планот на МОН од вчера, учениците требаше утре да полагаат македонски јазик и математика и од сите пријавени со еднаков успех да се направи ранг-листа на тие што ќе бидат запишани во училиштето.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гимназиите повторно атрактивни за основците: За 285 места во „Орце Николов“ се борат 400 одлични ученици

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Делчево поднесени 120 пријави за настаната штета од неодамнешните пожари

Редакција

Во Скопје 179 санкционирани возачи, 29 за брзо возење

Редакција

Шумар пронајден мртов во Охридско

Редакција