еМагазин
Image default
Македонија

Османи: Не сум јас тој Бујар од „бомбата„ на „Ел Чека“

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Осман преку соопштение ги демантира, како што вели, шпекулациите изнесени од страна на Алијансата на Албанците и нејзиниот портпарол, во кои се посочува неговото име како дел од некаква објава на нелегално снимен телефонски разговор.

-Прво, сакам да ја информирам јавноста дека, се работи за целосна шпекулација, измислица и лажна вест. Ниту сум бил вклучен, ниту сум учествувал во активностите кои ги посочува Алијансата и нејзиниот портпарол, ниту пак јас сум оној што е спомнат на нелегалната снимка.

Оваа целосно лажна вест има за цел да го наруши мојот политички кредибилитет, како предводник на европските интеграции во земјава, што со оглед на чувствителноста на периодот, претставува штета што ѝ се нанесува и на земјата, истакнува Османи.

Вицепремиерот повика во наредните 24 часа, споменатите, целосно да го повлечат поврзување на неговото име и да се извинат за направената штета, во спротивно, нагласува Османи, ќе ги потегнам сите правни мерки кои стојат на располагање, и овие свои тврдења ќе треба да ги поткрепат пред правосудните органи.

Алијанса на Албанците: Обвинителството треба да преземе мерки против челниците на ДУИ

Обвинителството треба да преземе мерки против челниците на ДУИ, бидејќи објавените аудио снимки се индикации и докази дека функционерите на таа партија го прекршиле законот, истакна денеска на прес-конференција портпаролот на партијата Алијанса на Албанците, Флакрон Беџети.

Во име на Алијансата на Албанците како партија тој ги повика институциите, Специјалното јавно обвинителство, што поскоро да ги разгледаат аудио разговорите да ја утврдат нивната веродостојност и што е можно поскоро да се отвори истражна постапка за функционери на ДУИ кои го имаат прекршено законот.

-Овие разговори, независно од начинот и формата како се објавуваат во јавноста, нивната содржина станува загрижувачка, бидејќи протагонисти се политички лидери избрани преку гласање и се повикуваат на легитимитет кај Албанците.

Значи, не се обични приватни разговори на обични граѓани, туку се разговори помеѓу официјални претставници и политички лидери. Истите функционери на ДУИ, врз основа на прислушкуваните разговори, ги злоупотребиле своите партиски и државни функции, преку влијание врз изборот на судии,обвинители, претседатели на судови, нотари итн.

Исто така од последните прислушкувани разговори се слуша и скандалозниот разговор меѓу лидерот на партијата Али Ахмети и Садула Дураку, во кој говорат за прикривање на убиец кој убил невин човек, а тоа од нив го побарал актуелниот вицепремиер за европски интеграци Бујар Османи, истакна партискиот портпарол Беџети.

Тој рече дека е потребна политичката одговорност на функционерите на ДУИ.

-Тие вршеле притисок врз функционери за да поднесат оставка, вршеле политички притисок врз одредени медиуми, слушнавме дека постојат снимки од полнење на гласачки кутии за ДУИ, и многу други кодирани разговори кои даваат индикации за прашања кои се јавуваат како енигматични.

Албанците во текот на овој период очекуваа дека овие функционери од ДУИ барем да поднесат оставка од морални причини од нивните партиски и државни позиции и да подлежат на правна постапка.

Несфатливо и ненормално е однесувањето и молчењето на власта, поточно молчењето на СДСМ и премиерот Заев, кој, како што некогаш ги поштеди функционерите на ДУИ, но изгледа дека тоа се повторува бидејќи сега се покажува индиферентен кон новите прислушкувани разговори и наместо да создава можности и услови за нивно гонење на оние функционери кои го прекршиле законот, изгледа дека овие недели не живее во државава, потенцира партискиот портпарол Беџети.

Според него нема датум за разговори со ЕУ или интеграција во ЕУ, бидејќи оваа влада која ги амнестирала ДУИ ја држи во залог целата евроатланска перспектива на нејзините граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ел Чека“ продолжува да „пука“ нови „бомби“ за ДУИ

Јанева: Можеби „Ел Чека“ бомбите ги презема од You tube, од кај нас не се

Семејството на „Ел Чека“ заминало за Албанија, тој најави дека ќе се врати во Македонија

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Самарас: И да се ратификува договорот од Преспа во Парламентот, следните грчки влади ќе се ослободат од обврските

Редакција

По повлекувањето на Павлески, Ирена Фрчкоска е новата адвокатка на Катица Јанева

Редакција

Четири нови случаи на Ковид-19 во Кавадарци

Редакција