еМагазин
Image default
Бизнис

Поевтин роаминг: Од 1 јули цените ќе се намалат за 30 отсто

Граѓаните на Западен Балкан од 1. јули ќе може да телефонираат во роаминг по пониски цени од речиси 30 отсто, поради примената на регионалниот договор за роаминг.

Цените во првата фаза ќе бидат намалени 27 отсто, а на 1. јули 2021 година се очекува целосно укинување на роамингот за регионот, што е предвидено со договорот потпишан во април.

Ресорните министри задолжени за дигитализација од земјите од Западен Балкан на Дигиталниот Самит во Белград, Србија на 4. април го потпишаа регионалниот Договор за намалување на цените во роаминг.

Договорот е последниот формален чекор за постепено намалување на цените на роамингот во Западен Балкан, најдоцна до 1. јули 2021 година, кога тој треба да се сведе до нивото „како дома“, односно, практично да се укинат тарифите за роаминг и корисникот кога е во друга земја од Западен Балкан да плаќа исто во мрежата на својот оператор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе има ли поевтин роаминг со Грција?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Предновогодишно раздвижување на берзата: Прометот речиси удвоен

Редакција

„Виз ер“ ги намалува цените на дополнителните услуги

Редакција

Од утре скратено времето на тргување на Македонската берза

Редакција