еМагазин
Image default
Локално

„Див запад“ во Тетово: За пет часа МВР исклучи од сообраќај 24 возила

На 25 јуни во периодот од 08 до 13 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово, на поширокото тетовско подрачје спровеле засилена акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите и возилата, информира МВР.

Притоа, констатирани се вкупно 89 прекршоци кај возила и возачи кои соодветно се санкционирани. 17 возила биле технички неисправни (неисправни сопирачки), шест возила имале неатестирани фолии на стаклата, и седум возила биле со помината регистрација. 24 возила веднаш биле исклучени од сообраќај се до отстранување на неисправностите. Кај едно возило бил констатиран претовар на патници.

Во однос на возачите констатирано е дека девет возачи управувале возило без да положат возачки испит, еден возач управувал со несоодветна категорија. И тие биле исклучени од сообраќај и привремено им биле одземени возачките дозволи. 26 возила биле погрешно паркирани и од нив 13 биле подигнати со специјално возило „пајак“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипската Клиничка болница за две и пол години ја напуштиле 70 вработени

Редакција

Водата од градскиот водовод во Струга забранета за пиење

Редакција

МВР урива рекорди: За еден час над 80 сообраќајни казни во Кавадарци

Редакција