еМагазин
Image default
Бизнис

Просечната камата на кредитите намалена за 0,03 отсто

Во мај, продолжи трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити, којашто оствари месечен пад од 0,03 п.п. и изнесува 5,20%, соопшти Народната банка.

На годишна основа, оваа каматна стапка е намалена за 0,41 п.п.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити овој месец е непроменета во однос на април и изнесува 1,41%, додека во однос на мај минатата година е намалена за 0,05 п.п.

„Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во мај, забележа месечен пад од 0,03 п.п. и изнесува 4,68%, додека на годишно ниво се намали за 0,25 п.п. Кај просечната каматна стапка на новопримените депозити е забележан месечен раст од 0,04 п.п. и таа изнесува 1,31%. На годишна основа каматната стапка е намалена за 0,12 п.п“, информира од НБ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Квоти за челични производи: Директните штети се проценуваат на 150 милиони евра

Редакција

Пред година и пол хакери нападнале две најголеми банки во државава, откри Пендаровски

Редакција

„Адора Инженеринг“ ја зголеми сопственоста во Комерцијална банка

Редакција