еМагазин
Image default
Македонија

Заев нема да бара оставка од Рашковски

Премиерот Зоран Заев засега нема да бара оставка од генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, за М-НАВ. Како што изјави денеска, најпрво треба да се согледаат последиците од целиот „настан“, па потоа да се донесе одлука. Рашковски, нагласи Заев, ги исполнува сите свои работни обврски, а и јавно се извини за случајот.

-Случајот со „Леонардо“ го затекнавме кога дојдовме како Влада. Се работи за тендер што е завршен во 2016 година, но постапката до крај не е завршена. Тоа беше јавно, детално објаснето. Тужба како Влада, нема да поднесеме, но секој како физичко лице тоа може да го стори за да го заштити својот дигнитет и достоинство. Кога прифаќаме одредени функции свесни сме дека треба да бидеме под лупа на јавноста, но тоа не значи да бидеме и боксерски вреќи, некој да не прави салата, подвелече Заев по пуштањето на контролниот центар за патарини во Петровец.

За т.н. „летр оф аворд“, потенцира дека не значи никаква награда и дека таква формулација се користи за одобрување на проектот.

– Тоа е потврда на добивање одредена работа према конкурентите. Не се работи за никакви провизии, ниту награди, објасни Заев.

Тој лично ќе испрати писмо до „Леонардо“, со извинување од име на Владата. Тоа ќе го стори и кон ромската заедница во земјава.

– Италија е наш докажан пријател, а и на ромската заедница и даваме посебно место. Ја користам приликата за извинување во име на Владата, но истрагата ќе покаже дали случајот е монтиран. Верувам дека ќе има истраги и кривични постапки, истакна Заев.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Познат македонски иноватор“: Што пишува во биографијата на генералниот секретар на Владата, Рашковски, кој е топ тема поради набавката на радарскиот систем

Каков имот пријавил генералниот секретар на Владата, Рашковски кој е во фокусот на јавноста за набавката на радарскиот систем

Новинарите Салиу и Јовановски бараат оставка од Рашковски оти ги навредил Ромите и Италијанците

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Аваја за измените на Законот за државјанство: Очекуваме дека статусот на лицата без државјанство ќе се реши

Редакција

Рикер и порача на опозицијата дека „времето за игри е поминато“ и за доброто на земјата да биде конструктивна

Редакција

Џафери за „бомбите“: Забранети и казниви работи нема што да коментирам

Редакција