еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Сите детали: Како да платите патарина со смарт-картички, каде да ги купите и колку ќе чинат

Вчера започна електронската наплата на патарините, а правните и физичките лица можат да ја плаќаат патарината со купување бесконтактни смарт-картички или уред за електронска наплата на патарина (таг).

Двата начина на плаќање се овозможени на пет наплатни станици на Коридорот 10: Романовце, Петровец, Сопот, Отовица и Градско. Планирано е новите две наплатни станици, Демир Капија и Гевгелија, да се пуштат во употреба во текот на 2019 година.

– Картичките и таговите ќе може да се купат на наплатните станици на Коридор 10 и во Контролниот центар во Петровец по што во наредниот период продажната мрежа ќе се прошири во институции со кои ќе склучиме договори за дистрибуција. Најдоброто нешто е што кога еднаш ќе земете картичка, нема повторно да мора да доаѓате за надополнување, бидејќи има веб-апликација и може сами да ја надополните на телефон, изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов.

Еднократниот износ за картичката ќе чини 100 денари и таа ќе се надополнува со најмалку 300 денари, додека за таговите, што ќе се поставуваат на предното ветробранско стакло за да може електронскиот систем да ги чита од далечина, ќе чинат 1.200 денари со надополнување преку Интернет.

Како ќе функционира наплатата со смарт-картички?

– Системот за автоматска класификација на возилата поставен на почетокот на лентата ја определува категоријата на возилото пред тоа да пристигне до кабината на сообраќајната лента.

– Возилата мора да застанат пред читачот на картички заради плаќање. Автоматската рампа не се подига доколку не се изврши валидна трансакција, односно плаќање на патарината.

– Возачот ја доближува смарт-картичката до уредот за читање и рампата се подига ако картичката е важечка и ако на неа има доволно средства.

– Доколку плаќањето е неуспешно, рампата не се подига, а на дисплејот за корисници кој се наоѓа над читачот на картичките се прикажува известување за причината поради која обидот за плаќање е неуспешен (на пр., недоволно средства).

Во случај на неуспешно плаќање, возачот има две можности:

– Да купи важечка картичка или да ја надополни картичката на продажното место поставено во кабина на лентата и да помине по лентата (при што возачот нема да треба повторно да го користи читачот за картички).

– Да плати готовински и или со банкарски картички (дебитни и кредитни), или

– Да го повика одговорниот на наплатната станица да му издаде билет за ненаплатена патарина со налог за плаќање и истиот може да го плати подоцна на секоја сообраќајна лента на наплатните станици каде што се врши продажба и надополнување на електронските уреди, во контролниот центар Петровец и на веб-страницата на Јавното претпријатие за државни патишта или во банка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како да платите патарина доколку немате смарт-картичка или ТАГ

Плаќање на патарина со ТАГ: Најбрзо ќе поминете, но и поскапо чини

(Видео) Стартуваше електронската наплата на патарините на Коридорот 10

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 246 случаи на Ковид-19 од 4.072 тестирања

Редакција

Кристијан Стаменов нов в.д. директор на ЈУ “Зоолошка градина“ – Скопје

Редакција

Општина Центар со препорака до кафулињата и рестораните да ја прилагодат музиката, согласно трагичната смрт на Вања

Редакција