еМагазин
Image default
Македонија

Американската амбасада се извини за пропустот со македонската химна

Амбасадата на САД во Скопје и се извини на македонската јавност за пропустот со изведувањето на химната на Македонија, откако Тамара Тодевска го изостави делот во кој се споменуваат македонските револуционери Гоце Делчев, Јане Сандански, Питу Гули и Даме Груев.

„САД имаат длабока почит кон традициите, историјата, хероите и иднината на нашиот пријател, партнер и сојузник Северна Македонија. Им благодариме на нашите пријатели и колеги за славењето на нашата независност со нас минатата ноќ. Ние разбираме дека грешките може ненамерно да се случат во емотивни моменти, но им се заблагодаруваме на нашите пејачи за нивните прекрасни изведби“, велат од Амбасадата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тамара: Од дното на моето срце Ви се извинувам поради пропустот што го направив при пеењето на химната

(Видео) На прием на амбасадата на САД Тамара ги „заборави“ Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански и Питу Гули кога ја пееше македонската химна

Македонската химна веќе трпела промени: Познати три верзии

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во велешката болница за 24 часа починаа двајца пациенти од Ковид-19

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ за „црната листа“ на Бајден: Ние ја почитуваме и ќе ја почитуваме волјата на граѓаните

Редакција

Обвинение за поранешен градоначалник​ на општина Чашка за „злоупотреба на службената положба и овластување“

Редакција