еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Армија на Република Македонија стана Армија на Република Северна Македонија

Претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски вчера ја потпишал уредбата за ознаките на униформите на Армијата и отсега натаму, како што изјави, ќе биде Армија на Република Северна Македонија.

Тоа значи, прецизира, дека е завршен и тој технички и правен аспект со што се отвора можноста во следните набавки да се употребуваат новите ознаки.

– Името на Армијата е Армија на Република Северна Македонија и тоа од вчера има правна основа односно е на правен начин уредено од моја страна, изјави претседателот Пендаровски при денешната посета заедно со началникот на Генералштабот, Васко Ѓурчиновски на припадниците на Армијата на нашата јужна граница.

МИА/Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тројца новозаболени од коронавирусот во Прилеп, а деветмина се излекувани

Редакција

Следната недела ќе се знае од каде Македонија ќе набавува струја

Редакција

Минимум илјада евра му се потребни на четиричлено семејство за основни трошоци месечно

Редакција