При користење на апликацијата „МојДДВ“, која до сега ја симнале 58.000 граѓани најмногу поплаки од граѓаните до УЈП имало и за нејасни бар-кодови на сметките поради што било отежнато или невозможно нивно читање на апликацијата на мобилните телефони.
Во овој случај, како што посочија од УЈП, веќе од страна на самите граѓани е извршен притисок врз големите маркети навремено да ги сервисираат нивните фискални апарати за да се избегнат вакви ситуации.
Граѓаните кои имаат проблем со читање на бар-кодовите од фискалните сметки проблемот можат да го надминат ако ваквите сметки ги прочитаат на апаратите на киосците и бар-код читачите кои, велат, функционираат беспрекорно и многу подобро од читачите на телефоните, а постои и можност бар-кодовите на ваквите нечитливи сметки да се внесат рачно за што корисникот треба да се упати во некои од регионалните и подрачните канцеларии на УЈП.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„МојДДВ“ досега ја симнале 58 илјади корисници: Повратот на ДДВ околу 120 илјади евра
УЈП разјасни повеќе нејаснотии околу враќањето ДДВ од фискални сметки
УЈП: Апликацијата „Мој ДДВ“ е безбедна за преземање
Апликацијата „Мој ДДВ“е достапна на веб-страницата, на „адроид“, но за сега не и за Ајфон