еМагазин
Image default
Македонија

Заев ќе ги креира политиките во Министерството за финансии, Ширет Елези ќе потпишува

Владата донесе заклучок премиерот Зоран Заев да може да ги насочува дејсвата во областа на финансиите и финаиските политики, како и заклучок заменичката на министерот за финансии Ширет Елези да ги преземе овластувања и одговорности за раководењето со ова Министерство.

Ваквите заклучоци, како што информираше на денешната прес-конференција владиниот портпарол Муамет Хоџа, членовите на Владата ги донеле на вчерашната седница.

– На оваа седница беа донесени два заклучока. Првиот дека претседателот на Владата ги насочува дејствата на Владата во работите од областа на финансиите и финансиката политика и спроведување на програмските определби на Владата, согласно член 11 став 1 и став 2 и член 35 став 1 од Законот за Владата на Република Македонија.

Вториот заклучок на Владата е дека констатира оти се настапени условите по член 48 став 2 од Законот за организација и работа на органите на државата управа согласно кои заменикот министер за финансии ги презема сите овластувања и одговорности за раководењето на министерството за финансии, рече Хоџа.

Членот 11 од Законот за Владата предвидува дека премиерот раководи со работата со Владата, одговорен е за нејзината работа и остварува соработка со другите органи.

Вториот став, пак, вели дека тој го насочува дејствувањето на Владата во целина и нејзините членови во согласност со програмските определби и насоките што таа ги утврдува.

Во членот 35 од истиот Закон, пак, се вели дека за извршување на законите, Владата донесува уредби со законска сила, уредби, одлуки, упатства, програми, решенија и заклучоци.

Согласно Законот за организација и работа на органите на државата управа, заменикот го заменува министерот во случај кога тој е отсутен или кога поради болест или други причини не е во можност да ја врши својата функција.

Поранешниот министер за финансии Драган Тевдовски беше сменет при неодамнешната реконструкција на Владата. Премиерот тогаш најави дека истовремено ќе ја извршува и оваа министерка функција, но потоа се повлече поради ставот на ДКСК за судир на интереси.

Потоа најави дека ова овластување што го доби од Владата ќе го користи привремено до избор на нов министер за финансии.

МИА/Фото: Министерство за финансии

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев: Не е точно дека Тевдовски е сменет бидејќи не сакал да потпише заем за новиот Клинички центар

Што пишува во биографијата на разрешениот министер за финансии, Драган Тевдовски

Како имот пријавил поранешниот министер за финансии, Драган Тевдовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи за Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ: Процесот треба да се почне од нула

Редакција

Филипче: Нема лек за Ковид-19, терапија само од матичен лекар

Редакција

Почна скринингот на вработените во градинките во Прилеп, во градот нема новозаболени од Ковид-19

Редакција