Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против З.С.(60) од село Жировница, Маврово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неизвршување на судска одлука“ и ,,бесправно градење“, информира МВР.
Во текот на 2018 во село Жировница, пријавениот како инвеститор, без издадено одобрение за градба од надлежен орган, изградил куќа. После тоа, иако со решение од Основен суд Гоистивар му била изречена привремена мерка и забрана за продолжување на градежни дејствија, тој не се придржувал кон одлуката и не постапил во согласност со решението.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.