еМагазин
Image default
Локално

Во Делчево бесплатно ќе се склучува брак

Усвоена е одлуката со која младите брачни парови од Делчево во наредниот период ќе можат бесплатно да склучуваат граѓански брак. Одлуката е донесена на последната седница на Советот на Општина Делчево, во која стои дека во иднина нема да се плаќа надоместок за користење на просторијата за склучување граѓански брак.

„Бракот ќе се склучува во новите простории во мултифункционалниот центар во Спомен-домот АСНОМ, а за користење на салата, заинтересираните граѓани за оваа намена е потребно да доставуваат барања до Општина Делчево од каде ќе добијат потврда за соодветниот датум и час за склучување брак кој ќе се достави до Матичната служба во Делчево“, стои во одлуката која беше едногласно поддржана од делчевските советници.

Од Општината велат дека оваа одлука е оправдана, бидејќи идните брачни парови ќе се ослободат од непотребниот трошок кој досега го имаа како обврска.

„Ова е еден вид поддршка за младите брачни парови, кои покрај големиот број трошоци, нема да мораат во иднина да плаќаат за нешто што долги години го имаа како финансиски товар“, велат од Општината.

Со цел да се збогати свечениот амбинет при склучување граѓански брак во Делчево, за потребите на новата сала за венчавање, Општината има набавено нов инвентар (декоративна маса и столови).

МИА/Фото: videoblocks

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ленин Јовановски се повлекува од неговата улога во протестите, блокадите продолжуваат

Редакција

Над 50 пожари вчера низ Македонија, денеска нема активни

Редакција

Залутан куршум паднал на „Ауди“ во Сарај

Редакција