еМагазин
Image default
Македонија

Заев: Опозицијата може и Никола Груевски да го предложи за обвинител

Ако и дадеме можност на опозицијата да предлага јавен обвинител верувам дека ќе го предложат и Никола Груевски, бидејќи се што се прави во моментов е да се блокира правдата, истакна премиерот Зоран Заев одговарајќи на прашањето поставено од  пратеникот Мухамед Зекири од СДСМ, дали јавен обвинител ќе се избира по предлог на опозицијата.

-Со ваквото однесување на опозицијата со ваквите предлози за јавен обвинител не гледам дека треба да им се даде можност. Да го предложите Владимир Панчевски, човек кој буквално во цел мандат ги давал предметите на стриктно избрани судии, човек кој буквално го злоупотребувал законот и системот за распределба на предметите и ги давал на стриктно избрани судии, тое е за да нема правда во државата. Судскиот совет го утврдува тоа и ја носи санкцијата за него, рече Заев.

Премиерот притоа посочи дека власта прифатила добар дел од барањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во однос на законот за ЈО, меѓу кои се спојување на СЈО со друго обвинителство, како и неупотреба на прислушкуваните разговори како докази во случаите отворени по истекот на 18-те месеци.

-СЈО има мандат до 15 септември 2020 година и тоа ќе фунционира заради тоа што сме гарантирале иднина со тој мандат. Верувам дека онака како што очекуваат нашите граѓани, како што разговарале работните групи, па и неколкуи пати како што сме разговарале со Мицкоски ќе ги поставиме работите и конечно овој закон ќе го изгласаме, рече Заев.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицковски го предлага Владимир Панчевски за прв човек на новото СЈО

Панчевски за предлогот на Мицкоски тој да биде на чело на новото СЈО: Ме предлагаат или сум лош пример?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерот за правда Лога го потпиша решението со кое се одбива користењето на името Иван Михајлов

Редакција

Кацарска побара од Судскиот совет да го „расчисти“ сведочењето на обвинителката Лиле Стефанова

Редакција

Синдикатот на Управата за матични книги ги усогласи барањата со Министерството за правда, се чека одговор од Министерството за финансии

Редакција