еМагазин
Image default
Македонија

Притвор за Томор Морина, кој беше уапсен во Македонија по потерница на Интерпол-Србија

Судија на претходна постапка по предлог на ЈО определи мерка притвор од 30 дена на лицетот Т.М. поради основи од член 165. ст.1 т.1 од Законот за кривична постапка, соопштуваат од Основниот суд Скопје 1, додавајќи дека во однос на постапката за екстрадиција одлучува надлежното Министерство за правда.

-Денеска  пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје, спроведено е едно лице со предлог од Јавното обвинителство за определување мерка притвор поради екстрадиција по распишана меѓународна потерница на Интерпол – Србија.

По сослушување на лицето во присуство не неговиот бранител, како и ценење на фактите и доказите во предлогот, судија на претходна постапка донесе решение со кое го прифати предлогот и на Т.М. му определи мерка притвор од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1 од ЗКП, а во однос на постапката за екстрадиција одлучува надлежното Министерство за правда, наведуваат од Кривичниот суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев: Мора да се почитува домашното и меѓународното право, Морина ги има сите права

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влегува ли Алијанса за Албанците во Владата: Денеска средба на Таравари и Ковачевски

Редакција

Кирјаков со молба до Георгиевски: „Дај ни го станот во Благоевград, за да ние Македонците ги одржуваме состаноците во него“

Редакција

СЈО за шест месеци потрошило 113,5 милиони денари

Редакција