еМагазин
Локално

Тројца приведени за напад на полицаец во Струга

Две лица од струшкото село Џепин и еден стружанец се приведени вчера поради напад на службено лице. СВР Охрид денеска соопшти дека околу 17 часот на улицата „Ристо Крле“ во Струга бил нарушен јавниот ред и мир со напад врз службено лице при вршење службени дејства.

„Приведени се А.К.(38), Д.К.(35), двајцата од струшкото село Џепин и Л.Б.(29) од Струга. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, информира СВР Охрид.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поројни дождови во Кавадарци, пожарникарите испумпуваат вода од неколку критични места

Редакција

Полицајци извлекоа шест лица завеани во прилепско

Редакција

Силувал малолетничка, па на родителот му кажал дека ја зел дома за сопруга

Редакција