еМагазин
Image default
Локално

Малолетници од Неготино сексуално вознемирувале 13-годишно девојче

Родители на 13-годишно девојче од Неготино пријавиле во СВР Велес дека нивната 13-годишна ќерка била сексуално вознемирувана од малолетници.

„На 5 јули 2019 на Градскиот базен во Неготино двајца малолетници на 15-годишна возраст нападнале 13-годишно девојче од Неготино и ја пипкале по телото. Целиот настан е снимен од малолетник со мобилен телефон, кој потоа снимката ја праќа на други лица. Родителите на девојчето случајот го пријавиле на 25 јули 2019 во полициска станица“, изјави Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Во присуство на стручен тим од Центарот за социјални работи, адвокат и родителите, извршен бил разговар со малолетниците и одземени им се мобилните телефони за вештачење. По дадените наредби од Основното Јавно Обвинителство – Велес, се работи на расчистување на случајот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мајка од Скопје си ја бара 16-годишната ќерка

Редакција

Шест лица со симптоми на корона вирусот во Општата болница во Охрид

Редакција

Косовар се обидел да силува малолетник во Росоман

Редакција