еМагазин
Image default
CHECK IN

Вистинско богатство се крие во пекара „Бакал“

Храната е во срцето на секојдневниот живот на луѓето, посебно кога е подготвена од врвни мајстори. А кога станува збор за подготовка на бурек или различни пецива на овие простори навистина имаме долга традиција. А ако некој сака бурек, кифлички или пецива тоа се дефинитивно Македонците!

Најчесто за доручек, но и во секое време од денот. Едноставно уживаат во нив! Посебно ако се подготвени од домашно брашно, замесено од пекари, стари мајстори.

Храната е најголемата страст и задоволство! Со неа ретко се прават компромиси, кога станува збор за квалитетот, а луѓето многу лесно препознаваат што е добро. Тоа е и причина пекарата „Бакал“ во ГТЦ Скопје, спроти Жена парк да биде преполна со гости, кои токму овде купуваат за време на работната пауза, или по работа кога треба да однесат дома леб или нешто друго.

Тука производите се без конзерванси, направени од брашно без никакви бои и адитиви. Може да се купи и домашен леб и бели пецива, р’жан леб од ржано брашно, како и пченкарен леб исто така од пченка мелена на камен, а и неколку лебови по француска рецептура.

Во пекара „Бакал“ се среќава и огромен избор на пецива, како на пример крцкав кроасан со кашкавал или со путер и павлака, пецива со шунка, кулен или сирење, вкусен традицинален бурек и многу повеќе од бројните пекарски специјалитети подготвени по софистицирани француски рецептури.

На мени секој ден има и свежа пилешка и телешка супа, а благите специјалитети чиз кејк, тартови, торта со морков…се нешто посебно.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Хотелот „Молика“ на Пелистер преполн со гости привлечени од снегот и сончевото време  

Редакција

(Фото) Пејачот Адријан Гаџа го отвори новиот ресторан, „Ча-Ча“

Редакција

(Фото) Кафе-книжарница „Буква“ – нова приказна под старите брези во Скопје

Редакција