еМагазин
Image default
Македонија

Судот не му го врати пасошот на Мијалков

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје како неосновано го одби барањето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, да му биде вратен пасошот.

Мијалков го бараше пасошот назад со образложение дека има потреба од оперативен зафат кој треба да му биде извршен во странство.

-Барањето на еден од осудените лица со првостепена пресуда  во  предметот со КОК бр. 62/17 од обвинителството означен како „Титаник 2“, за укинување на мерката за претпазливост – привремено одземање на патната или друга исправа за преминување на државната граница и забрана за издавање нова, ја информираме јавноста дека Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје по добивање на целокупната документација поврзана со барањето согласно Законските одредби се обрати до надлежното обвинителство од каде е добиено негативно мислење во однос на барањето, соопшти Судот.

Советот на одржана седница по разгледување и ценење на барањето и мислењето на надлежното обвинителство донесел решение со кое барањето го одби како неосновано.

Против ова решение, како што велат од Основен кривичен суд – Скопје, странките имаат право на жалба до Апелациониот суд во рок од три дена.

Во првостепената пресудата за предметот „Титаник 2“ поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков е осуден на 3 години затвор, Мендух Тачи – на 3 години и 2 месеци, Бедредин Ибраими – на 4 години и 6 месеци, Влатко Сајковски – 3 години, Сашо Срцев – на 3 години и Елизабета Стефановска – на 3 години затвор.

Судот го прифати барањето на СЈО и им определи притвор на Сашо Мијалков и на Бедредин Ибраими, а останатите четворица осудени добија мерки за претпазливост.

МИА/Фото: a1on.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мијалков си го барал пасошот за да одел на операција во странство

Судење за „Таргет-Тврдина“: Мијалков праша сведок како од 20 илјади таргети стиснал токму на Велија Рамковски

Сведок од УБК на судењето за „Таргет-Тврдина“: Мијалков и Грујевски имаа компјутери поврзани со системот за прислушување

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа шест нови пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 368

Редакција

Со 65 гласа во Собранието изгласана техничката влада

Редакција

Добивме уверување од ВМРО-ДПМНЕ дека Македонија ќе продолжи по европскиот пат, вели Ескобар

Редакција