еМагазин
Image default
Бизнис

Незначително намалување на просечната камата на кредитите од банките

Во јуни, просечната каматна стапка на вкупните кредити незначително се намали и се сведе на 5,19%, што преставува пад од 0,01 п.п. во однос на претходниот месец, соопшти Народната банка.

„На годишна основа, оваа каматна стапка е намалена за 0,38 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити се задржа на нивото од 1,41%, исто како и во претходните два месеца, додека на годишно ниво забележа пад за 0,04 п.п.

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во текот на јуни, забележа мал месечен раст за 0,02 п.п. и изнесува 4,70%, додека споредено на годишна основа е остварен пад од 0,27 п.п“, информираат од Народна банка.

Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 1,15% и на месечно и годишно ниво се намали за 0,16 п.п. и 0,14 п.п., соодветно.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народна банка: Основната каматна стапка останува 1,25%

Редакција

Просечната нето плата во март 34.925 денари

Редакција

Доминација: Трите најголеми банки со поголем профит од сите останати компании на берзата

Редакција