еМагазин
Image default
Локално

Двајца полицајци и еден возач повредени во судар меѓу полициска „Шкода“ и „Берлинго“

На 09.08.2019 во 00.30 час на раскрсницата на ул. “Интернационални бригади“ со ул. “Миодраг Илиќ“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Шкода “, сопственост на МВР и патничко моторно возило „Берлинго“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.С.(23) од Скопје, информира МВР.

Со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници и возачот А.С. кои биле пренесени во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прилепчанец пронајден мртов во својот автомобил

Редакција

Несекојдневен случај: Завршил на лекар откако проголтал дрога пред царинските службеници

Редакција

19-годишно момче загина откако со автомобилот излетало од патот и се забило во столб

Редакција