Првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски (Боки 13), добро познат и во Србија, предизвика голем интерес во тамошните медиуми.
Српски Курир денеска пишува дека Боки 13 за време на полициското сослушување после неговото приведување рекол дека поседува докази против премиерот Зоран Заев и неговиот советник Зоран Башановиќ, кои ги сочувал на сигурно на повеќе адреси.
„Ако ме убиете во затвор, ќе паднат многу политичари, а тука мислам пред се на Заев и неговата влада.
Имам докази против Заев и државниот врв. Се од прва рака.
И се оставив на сигурно, кај мојата мајка и на уште неколку адреси.
Ако нешто ми се случи, ако ме убиете, обесите и тоа се обидете да го прикажете како самоубиство, ако овде ме тепате, мачите, застрашувате, убаво ви кажувам, да не испадне после дека не сте знаеле, во Македонија ќе има политички земјотрес.
Ќе се отвори Пандорината кутија, никој нема да биде поштеден“, рекол, според српски Курир, Боки 13 на сослушувањето.
Весникот пишува и дека Боки 13 не е сам во притвор, туку хашката соба во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто оризари ја дели со уште еден притвореник поради безбедноста проценка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Адвокатката Јошевска: „Рускоска троа нека одмори, имаме ние време, нека не брза“
Тортевски саркастичен: Сега треба СЈО што ќе ја истражува Катица Јанева
Фото: Боки 13/Инстаграм