На 11.08.2019 во 19,30 часот во ПС Аеродром биле приведени Ѓ.М.(22), К.Х.(35), Б.А.(65), Ф.С.(19), Д.Т. (33) и А.М. (22) сите од Скопје поради физичка пресметка по завршување на фудбалски натпревар на булеварот „АСНОМ“, во близина на стадионот „Петар Милошевски“, информира МВР.
При пресметката со повреди се здобиле неколку лица, а А.М. се здобил со повреда од остар предмет на левата рака.
Се превземаат мерки за расчистување на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.