еМагазин
Image default
Македонија

Продолжуваат судењата за „Титаник“ и „Титаник 3“ на СЈО

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Претходното рочиште беше одложено поради отсуството на членот на судечкиот совет, судијата Огнен Ставрев.

Предметот, кој го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова, се наоѓа во доказна постапка. Досега се изведени околу 4.850 од над 5.900 предложени материјални докази од СЈО.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Ново рочиште денеска треба да се одржи и за предметот „Титаник 3“ во кој се обвинети Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ. Тие се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

Постапката почна одново на 15 март годинава по именување на судијката Марија Клетичка за нов судија во предметот, откако судијката Оља Ристова, која го водеше случајот, во февруари годинава побара изземање од предметот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Под слоганот „Борбата трае“, Владата ќе го одбележи Илинден

Редакција

Ако нема уставни измени, на Македонија и се заканува изолација, порачаа од ЕУ

Редакција

Состојбата со корона вирусот во Штип и тетовско се смирува, од четири останаа две жаришта

Редакција