еМагазин
Image default
Македонија

Одбраната во „Титаник 3“ бара изземање на Катица Јанева, Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски

Изземање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, како и на нејзините ополномоштени обвинители Фатиме Феати и Гаврил Бубевски во предметот „Титаник 3“, денеска побара бранителот на обвинетите Исмет Гури и Ејуп Алими, адвокатот Еленко Миланов.

Судот по барањето треба се произнесе по паузата.

Адвокатот Миланов, барањето за изземање го образложи дека е поради последните случувања во СЈО, кои според него, се изменети од минатата расправа до денеска, како и дека постои конфронтација меѓу обвинителката Јанева и обвинителите Фетаи и Бубевски.

Тој побара и целосен прекин на постапката до изнесување на Судот по нивното барање.

Во предметот „Титаник 3“ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ, кои се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

Постапката почна одново на 15 март годинава по именување на судијката Марија Клетичка за нов судија во предметот, откако судијката Оља Ристова, која го водеше случајот, во февруари годинава побара изземање од предметот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Катица Јанева ќе одлучува дали ќе ги изземе Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од „Титаник 3“

Судење за „ТНТ“: Побарано изземање на Катица Јанева од случајот заради „Рекет“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски со сопругата на самитот на НАТО во Вилнус: Кој се друг е во владината делегација

Редакција

Нови 1.861 случаи на Ковид-19, регистрирани се 242 реинфекции и еден заразен по третпат

Редакција

Несреќата на автобусот на „Беса транс“ не се случила поради голема брзина, причините за пожарот непознати, велат бугарските власти

Редакција