еМагазин
Image default
Македонија

Дескоска: Проблемот за Законот за ЈО не е Јанева, туку постапките на СЈО

Каменот на сопнување во текот на преговорите за Законот за јавно обвинителство не е Катица Јанева, туку барањето за затворање на постапките кои се почнати од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) по периодот од првите 18 месеци и уништувањето на дотогаш собраните докази. Тоа е клучното прашање за кое има непомирливи разлики, вели министерката за правда Рената Дескоска во интервју за Независен весник.

Другите прашања, според Дескоска, се прашања за кои има мегдан за разговор.

– Битни се принципите кои треба да се усвојат во законот, а не личните интереси или судири. Со оглед на тоа што новиот закон предвидува дека двете обвинителства – за организиран криминал и СЈО се спојуваат, логично е дека сите обвинители чиј мандат трае и сите вработени од двете обвинителства да преминат во новото обвинителство.

Катица Јанева не влегува во тој пакет, бидејќи нејзе мандатот и истекува на 15 септември. Но, кога зборуваме за конкретни личности, без оглед дали се обвинители или вработени во обвинителствата, мора да бидеме свесни дека доколку се докаже нивна кривична одговорност, тие со судска одлука би биле отстранети од своите работни места, без оглед каде законот предвидува дека би ја продолжиле нивната кариера. До донесување на судската одлука останува пресумпцијата на невиност, вели Дескоска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку мобилни и се одземени на Катица Јанева и кој телефон е форматиран?

“Катица да можеше и Орце Камчев ќе го земеше за адвокат: Твитер за распитот на Јанева за „Рекет“

“Рекет“ “удри“ и на предметите на СЈО за кои во тек се судења

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 56 пациенти, а вкупно се лекуваат 489 болни

Редакција

Младен Чадиковски и Столе Наумов во трката за претседател на ЗНМ

Редакција

Ако бугарските здруженија не ги сменат имињата, ќе бидат избришани од Регистарот, најавија од Централен регистар

Редакција