еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за „Титаник“ на СЈО

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Минатото рочиште се одложи поради отсуството на членот на судечкиот совет, судијата Огнен Ставрев.

Предметот, кој го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова, се наоѓа во доказна постапка.

Досега се изведени околу 4.850 од над 5.900 предложени материјални докази од СЈО.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еврокомесарот за проширување, Вархеји: Македонија да ѝ излезе во пресрет на Бугарија

Редакција

Судењето за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ одложено поради неприсуство на Илија Димовски

Редакција

Филипче: Засега нема простор за затворање на градовите и за дополнителни рестрикции

Редакција