еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата „подели“ апанажа: Кои се функционерите кои ќе земаат плата иако се разрешени?

Владата на една од последните седници донела одлука за утврдување на право на плата на неколку функционери кои беа разрешени во јули, годинава, а кои ќе продолжат да земаат плата и во 2020 година.

Барањето за т.н. апанажа, којa со закон им следува на именувани функциони им е одобренo на шест лица.

На Абдулкадир Исаки, разрешен од должноста вршител на должноста директор на Управата за сигурност во железничкиот систем, орган во состав на Министерството за транспорт и врски Владата му утврди право за остварување плата по престанувањето на функцијата, за време од девет месеци, сметано од 17.7.2019 година до 17.4.2020 година.

Владата на Горан Симоноски, разрешен од должноста вршител на должноста член на инспекцискиот совет од областа на образованието, науката и културата, му утврди право за остварување плата по престанувањето на функцијата, за време од девет месеци, сметано од 17.7.2019 година до 17.4.2020 година.

На Благој Индов, разрешен од должноста вршител на должноста директор на Државниот испекторат за земјоделство, орган во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство утврдено му е право за остварување плата по престанувањето на функцијата, за време од девет месеци, сметано од 17.7.2019 година до 17.4.2020 година.

Владата на Газменд Ристеми, разрешен од должноста заменик на директорот на Агенцијата за млади и спорт, му утврди право за остварување плата по престанувањето на функцијата, за време од 9 месеци, сметано од 17.7.2019 година до 17.4.2020 година.

На Асип Усеини, разрешен од должноста заменик на директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони утврдено му е право за остварување плата по престанувањето на функцијата, за време од девет месеци, сметано од 17.7.2019 година до 17.4.2020 година.

Владата на Беким Хаљими, разрешен од должноста вршител на должноста директор на Управата за електронско здравство, орган во состав на Министерството за здравство, му утврди право за остварување плата по престанувањето на функцијата, за време од девет месеци, сметано од 17.7.2019 година до 17.4.2020 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопје Прајд: Луѓето од ЛГБТИ заедницата се дел од општеството и ги заслужуваат човековите права и слободи

Редакција

Поради здравствени причини, Мухамед Зеќири оди во куќен притвор

Редакција

Девет починати лица од Ковид-19, кај осум регистриран коморбидитет

Редакција