еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Железницата извиси за локомотивите од Кина: Владата бара арбитража

Владата на една последните седици ја задолжила Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД – Скопје за Проектот за набавка на локомотиви и Проектот за набавка на патнички гарнитури, кои се финансирани од кредити од ЕБОР, да направи ревизија на договорите и да ги провери сите правни клаузули, со цел да се искористат сите правни можности за покренување на арбитражни постапки имајќи предвид дека не се испочитувани обврските од договорите, а со цел да се заштитат интересите на државата.

„Се укажува на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД – Скопје, да подготви и во рок од 15 дена до Владата да достави информација за состојбата со локомотивите со правно и техничко образложение зошто е испорачана само една од договорените четири локомотиви, како и за моменталната состојба со патничките гарнитури, со причини зошто не е направен технички прием за истите.

Исто така, во информацијата да се даде посебен осврт за правните можности, со наведен надлежен арбитражен суд“, пишува во одлуката на Владата.

Договорот за набавка на четири електрични ломотиви меѓу кинеската „ЦРРЦ Џуџоу“ и МЖ „Транспорт“ беше потпишан во 2017 година. Инвестицијата вредна осум милиони евра беше обезбедена преку кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а се реализира во рамки на Проектот за обнова на возниот парк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија ќе банкротира доколку Владата ги загуби арбитражните постапки

Владата повторно ангажира адвокати: Осум Украинци поведоа арбитражна постапка против земјава

Година на арбитражи: Владата соочена со исплата мултимилионски штети

Фото: Министерство за транспорт и врски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стопанската комора поднесе Иницијатива за уставноста на Законот за данок за солидарност

Редакција

Оддавала државни тајни на Македонија: Истражна постапка за советничката на Петков, Весела Чернева

Редакција

Неколку илјади компании ќе платат данок за екстра профит

Редакција