еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Оддавала државни тајни на Македонија: Истражна постапка за советничката на Петков, Весела Чернева

Бугарија повторно може да остане без влада, откако изби нов скандал поврзан со советничката за надворешна политика, Весела Чернева на поранешниот бугарски премиер Кирил Петков, чија партија Продолжуваме со промената, треба да ротира заедно со ГЕРБ на Бојко Борисов во новата влада.

Бугарскиот претседателот Румен Радев веќе му го додели мандатот на претставникот на Продолжуваме со промената, Николај Денков, за да се обиде да направи влада согласно договорот за ротациски премиери со ГЕРБ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лутите ривали во Бугарија, ГЕРБ и ПП-ДБ договорија влада, ќе има ротирачки премиери

За Чернева, како што пренесуваат бугарските медиуми е отворена предистражна постапка затоа што и оддала тајни информации на Македонија во преговорите меѓу Скопје и Софија.

Чернева, која е заменик-директор на Eвропскиот совет за надворешни работи, учествуваше во креирањето на новата политика спрема Македонија, која заврши со кревањето на ветото на Софија и усвојување на декларација која ги поништи документите на бугарскиот Парламент од 2019 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи вели дека со Чернева, за која има истрага за оддавање државни тајни на Македонија, се воделе најтешките преговори

Истовремено, бугарското Обвинителство отворило истрага и против Петков и Асен Василев, потпретседател на партијата на Петков, под сомнение дека не ги заштитиле бугарските национални интереси.

Софиското градско обвинителство против двајцата покренало предистражна постапка според Глава 1 од Кривичниот законик поради нивните изјави на аудио снимка од состанокот на раководството на Продолжуваме со промената.

Претседателот на Државната агенција за национална безбедност (ДАНС), Пламен Тончев, пред пратениците во бугарскиот Парламент потврди дека е „поведена предистражна постапка против советник на бугарски премиер кој советувал државјанин на Македонија“ во врска со пристапувањето на нашата земја во Европската унија.

Тончев не ги соопшти имињата на советникот и премиерот.

Но подоцна, за време на собраниската расправа на шефовите на тајните служби, Тошко Јорданов од партијата Има таков народ (ИТН) на Слави Трофонов сугерираше дека Чернева била советничка за надворешна политика за време на редовниот кабинет на Петков во 2022 година. Тогаш, Има таков народ ја обвини Чернева дека ја саботирала тогашната министерка Теодора Генчовска од ИТН и ја нарече „втор министер за надворешни работи“.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер ја „подбра“ Владата за 2 јануари: „Роди ме мајко без совест, фрли ме во администрација“

Редакција

Британска лекарка плачеше додека читаше порака од палестински колега, видео кое го обиколи светот

Редакција

4 лица биле на возраст од 40-49 години: 18,9% помалку смртни случаи од Ковид-19 споредено со претходната недела

Редакција