еМагазин
Image default
Македонија

Четворица од 13 мигранти повредени  во сообраќајката синоќа пренесени на Скопските клиники

Четворица од 13 мигранти повредени во сообраќајката синоќа на автопатот Демир Капија-Неготино,  пренесени се на Скопските клиники, за МИА потврдуваат од хируршкото одделение при Општа болница Кавадарци.

– Од Итната медицинска помош Неготино ни донесоа 13 мигранти. Еден беше починат, петмина задржавме во оваа болница, а тројца со полесни повреди беа третирани амбулантски. Еден од потешко повредените имаше фрактура на пршлен и крварење во мозок, а друг скршеници на ребра, појаснуваат од болницата.

Сите биле на возраст од околу 22 до 25 години.

Според МВР, товарно моторно возило „фолксфаген фејтон” со мигранти, удрило во товарно моторно возило „сканија”, управувано од 58 годишниот Љ.Д од Кавадарци. Десетмина мигранти биле од Пакистан, а тројца од Бангладеш.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во сообраќајка, се запали возило со мигранти: Еден загинат, 11 згрижени во болница во Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Штип и Карбинци 14 новозаразени со Ковид-19, меѓу кои и две деца на возраст од една и три години

Редакција

Џафери тврди дека целосно го испочитувал Уставот: Не сум направил преседан

Редакција

(Видео) Ковачевски со највисоки државни и воени почести го пречека Рама пред Владата

Редакција