Општина Охрид ги ангажира сите распололживи ресурси за гаснење на пожарот што од вчера зафати делови на шума и нискостеблеста вегетација на потегот меѓу селата Косел, Опеница и Вапила.
Во моментов заседава општинскиот Кризен штаб во присуство на градоначалникот Константин Георгиески, со цел координација во справувањето со стихијата.
Во гаснењето се вклучени екипи на теиторијалната противпожарна единица од Охрид, на општинските јавни претпријатија, Шумското стопанство, а на пат кон локацијата се и авиони од Дирекцијата за заштита и спасување.
Активностите за справување со пожарот се одвиваат во сложени околности поради непристапноста на теренот и топлото време.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.